Османи: Во Венеција ќе го пренесам ставот на Владата дека законот за јазици е автентична рефлексија на Рамковниот договор

По самитот во Лондон, вицепремиерот Бујар Османи ќе оди во Венеција, каде ќе учествува на Венецијанската комисија, на која ќе треба да се оценува Законот за употреба на јазиците.

„На пат за Венеција, на сесија на Венецијанската комисија каде ќе се оценува Законот за употреба на јазиците. Во име на владата ќе го претставам ставот дека законот е автентична рефлексија на Рамковниот договор но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава“, напиша Османи.

Rrugës për në Veneci, në sesionin e Komisionit të Venecias ku do të vlerësohet Ligji për përdorimin e gjuhëve. Do e…

Publiée par Bujar Osmani sur Mercredi 4 décembre 2019

Венецијанската комисија излезе со забелешки за Законот за јазиците. Во мислењето се вели и дека многу од одредбите на Законот ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици, но дека истото е за пофалба.

Законот за јазиците оди премногу далеку, наметнувајќи нереални обврски на институциите, особено што се предвидува употребата на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена, беа укажувањата на Венецијанската комисија.

Претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за „24 Отворено“ рече дека мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазици е дека со истиот се даваат премногу права кои одат и преку стандардите на демократијата.

– Венецијанската комисија не проверува даи овој закон одговара со македонскиот устав, туку со европските практики. Од таму велат дека тој е дури над европските стандарди, што е за пофалба. Прашањето е делаи ние имаме ресурси да го имплементираме на сите нивоа. Судење во разумен рок нема да има ако се бара превод секаде. Тоа ќе создаде практичен проблем во апликабилноста. Од таму велат „Многу права, скрати ги“ – рече Пендаровски, одговарајќи на едно од прашањата од публиката.

Шефот на државата додаде дека истиот закон ќе го потпише доколку е според уставот на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот