Османи: Во Сарај, Липково и во Пласница победуваме во првиот круг

Бујар Османи, портпарол на ДУИ, Фото: Принтскрин/Фејсбук

Во Сaрај, Липково и Пласница очекуваме победа уште во првиот изборен круг, а тоа е можно и во Чаир и во Куманиво, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на првата прес конференцијс по завршувањето на првиот круг на локалните избори.

Османи, повикувајќи се на прелиминарните податоци кои ги има од аналитичкиот центар на ДУИ, рече дека водат во речиси сите општини каде што партијата има кандидати за градоначалници и дека е убеден во историска победа на партијата на овие избори.

– Првиот круг од изборите, според информациите кои ги имаме, заврши успешно. Беа регистрирани малку технички проблеми кои беа надминати. Слободно можам да кажам дека се спроведени фер и слободни избори – рече Османи.

Тој прогнозира дека ќе победат во речиси сите општини. Османи им честита на граѓаните кои излегле да гласаат, без оглед за кого гласале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот