Османи: Во разговорите со Бугарија акцентот е на Акцискиот план и меѓусекторската соработка

epa08731290 Bulgarian Foreign Minister Ekaterina Zaharieva (R) welcomes North Macedonia's Foreign Minister Bujar Osmani (L) in Sofia, Bulgaria, 09 October 2020. Osmani is on an official visit in Sofia. EPA-EFE/VASSIL DONEV

Во овој период акцент во разговорите со Бугарија ќе се стави на Акцискиот план, на соработката помеѓу секторите и помеѓу линиските министерства, со цел да се создаде амбиент кој во овој период делумно е нарушен, истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи во интервју за МИА.

– Ако ставиме фокус на тој Акциски план ќе создадеме предуслови за решавање на разликите што постојат во однос на преговарачката рамка, вели Османи во интервјуто дадено за време на неговата вчерашна посета на Атина.

Османи нагласи дека за усогласување на преговарачката рамка за членство во Унијата потребен е консензус на сите земји членки на ЕУ и оттука многу се важни комуникацијата и разговорите со нив за да им се објасни нашата позиција.

Прашан дали Грција понудила конкретна иницијатива или помош за отстранување на бугарската блокада, шефот на дипломатијата нагласи дека Атина се гледа како олеснувач на европската перспектива на Западниот Балкан и многу е важно заради нејзиното влијание да ја има таа улога на олеснувач за влез на регионот во Европската Унија, па и во тој контекст да се олесни и патот на земјава.

– Така што очекувам е да имаме поддршка од Атина на тој пат, истакна Османи во интервјуто за МИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот