Османи во работни посети на Берлин и Варшава

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамки на неговата турнеја по европските метрополи, денеска е во работна посета на Сојузна Република Германија на средба со германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Мајкл Рот.

Централна тема на средбата, како што соопшти неговиот кабинет, ќе бидат европските интеграции на Македонија, во насока на поддршката од страна на Владата на Сојузна Република Германија за одлуката за старт на преговорите во октомври, за која Бундестагот ќе расправа на седница на 26-ти септември.

Од Берлин, вицепремиерот Османи ќе отпатува за Варшава, каде ќе оствари средби со државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович.

Централна тема и на средбите во Полска ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија, и поддршката во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот на ЕУ во октомври.

Посетите на Берлин и Варшава преставува дел од европската турнеја на вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот