Османи во работна посета на Луксембург

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Луксембург, каде ќе оствари средби со луксембуршкиот министер за надворешни и европски работи и за имиграција и азил Јан Аселборн, со претседателот на Парламентот Фернан Етген и со претседателот на парламентарната Комисија за надворешни работи, Ив Круктен.

Од Луксембург, како што соопшти МНР, Османи утре заминува во работна посета на Белгија каде домаќин ќе му биде заменик-премиерот и министер за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија и за федерални културни институции Софи Вилмес. Во рамките на посетата на Белгија, Османи ќе оствари средби и со претседателките на Претставничкиот дом и на Сенатот на белгискиот Федерален парламент, Елиан Тилио и Стефани Д’Ос.

– Покрај билатералните односи со земјите на Бенелукс, акцент на разговорите ќе биде ставен на европското досие на земјава, со фокус кон можностите и поддршката за реализација на одлуката на Советот за ЕУ за почеток на преговорите за членство, наведуваат од МНР.

На средбите се очекува да се разменат информации и за актуелните состојби поврзани со пандемијата со Ковид-19 и соработката на тој план, во функција на поскоро надминување на оваа глобална здравствена криза.

Во рамките на работните посети на Луксембург и Белгија, министерот Османи ќе оствари и средби со високи претставници на Европската унија и на НАТО, меѓу кои и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со еврокомесарот за буџет и поранешен еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот