Османи во посета на Белград, ќе се сретне со Вучиќ, Брнабиќ и Дачиќ

Бујар Османи на прес во МНР / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Реформската агенда на Србија, партнерството на земјата со ОБСЕ и помошта што ѝ ја дава Мисијата на ОБСЕ во Србија за реализирање на овие процеси ќе бидат главните теми на дводневната посета на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на Белград.

Како што соопшти МНР, Османи, денеска, во Белград ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, а со неговиот домаќин, Ивица Дачиќ, прв вицепремиер за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи, ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Османи ќе има средби и со претседателот на Националното собрание на Србија, Владимир Орлиќ и парламентарната делегација на Србија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, како и со граѓански организации кои работат на партнерски проекти со Мисијата на ОБСЕ во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот