Османи: Владата на Македонија е подготвена да и помогне на Албанија

Заменик Претседателот на Владата, Бујар Османи, изјави дека владата на Македонија е во комуникација со владата во Албанија, и им стои на располагање за било каква помош.

-Утрово граѓаните на Албанија се разбудија соочени со голема несреќа. Покрај големата материјална штета, катастрофалниот земјотрес веќе ги однесе и првите жртви за што сакам да изразам искрено жалење и сочувство за нивните фамилии, а воедно да изразам и надеж за побрзо закрепнување на повредените. Како Влада веќе сме во комуникација со Владата во Албанија и на располагање ги ставаме сите наши капацитети за евентуална помош и поддршка за пријателска Албанија, и стоиме на располагање за брза реакција кога и да биде таа идентификувана и побарана- напиша Османи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот