Османи: Владата на Хоти не ја претставува волјата на граѓаните на Косово

Парламентарната спикерка порача дека Тачи никогаш не бил нејзино „политичко семејство”.

Претседателката на Собранието на Косово и потпретседателка на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Вјоса Османи вели дека новата Влада која се формира денеска и која ќе ја води нејзиниот сопартиец Авдулах Хоти, не ја претставува волјата на косовските граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Османи, која од почетокот се противеше на уривањето на досегашната влада на лидерот на Движењето самоопределување, Албин Курти, владата на Хоти е „зависна од Белград”, односно од гласовите на пратениците на партијата Српска листа (СЛ), а е формирана од претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Пратеникот на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) Хаџи Шаља, по гласањето во Собранието, изјави дека првично немал намера да го гласа кабинетот на Хоти, но оти го сменил мислењето откако зборувал со неговиот поранешен командант во Ослоботиелната војска на Косово, лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) Рамуш Харадинај и со претседателот Тачи. Тоа, според Вјоса Османи, значи дека Тачи му го обезбедил 61-иот пратенички глас на Хоти за минимално мнозинство во Собранието.

Прочитајте и...  Во Сегрија 200.000 лица ставени во карантин

– Во прв ред, една влада која зависи од Белград и на која 61-иот глас ѝ го обезбеди претседателот Тачи, никогаш не може да ја претставува волјата на граѓаните, изјави Османи за медиумите пред зградата на Собранието.

Парламентарната спикерка порача дека Тачи никогаш не бил нејзино „политичко семејство”.

– Мое политичко семејство никогаш не бил и нема да биде Хашим Тачи. Мое семејство ќе биде народот на Косово, изјави Османи.

Уште двајца други пратеници на ЛДК не гласаа денеска за новиот кабинет на Хоти, во кој има министри и од ААК, Нисма, СЛ и Групата 6 плус, односно партиите на другите немнозински етнички заедници.

Прочитај повеќе

Шекеринска од Дебар: Минималната плата ќе биде 20.000 денари

Слободен печат

Силјановска – Давкова: Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен

Слободен печат

Мицкоски: Се пријавувам да бидам првиот кандидат за ветинг на македонската политичка сцена

Слободен печат

Спасовски: Народот ги виде Скопје 2014 во стиропор и ВМРО-ДПМНЕ во криминал и веќе избра сигурна иднина и пари кај граѓаните

Слободен печат

Вучиќ ја пофали Македонија дека чесно тестирала и се пофали дека Србија направила најмногу тестови во регионот

Слободен печат

Ахмети од Кичево: Македонија се гордее со Мајка Тереза, ќе се гордее и со премиерот Албанец

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Силен и пороен дожд поплави улици во Битола (ВИДЕО)

Слободен печат

Денес е најлошиот ден од почетокот на пандемијата во светот, новозаразени има преку 200 илјади

Слободен печат

Заев: Ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО, со обезбеден идентитет и со признат јазик

Слободен печат

Филипче: Ќе почнеме со изградба на Клинички центар, првиот блок ќе биде готов за четири години

Слободен печат

Силјановска покажа како се „денса“: Треска на саботната вечер (ВИДЕО)

Слободен печат

Најмалку 43 убиени во судири во Јужен Судан, украдени и десетици говеда

Слободен печат