Османи- Вархеји: Дозволен пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Османи упатил и лична благодарност до еврокомесарот Вархеји за неговиот личен придонес за одлуката за пристапни преговори со ЕУ.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска одржа видео-конференциски состанок со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји, на кој разговарале за активностите на Владата и на Координативниот штаб во справувањето со предизвиците од епидемијата Ковид 19, како и можностите за подлабока соработка во оваа насока со институциите на ЕУ.

Како што соопшти СЕП, двајцата се осврнале и на итната помош што ЕУ ќе ја додели на нашата земја преку итната помош и со пренамена на дел од ИПА средствата.

-Итната помош од четири милиони евра, но и ослободувањето на преку 60 милиони евра од ИПА средствата за справување со социо – економските предизвици претставуваа значајна помош од стана на Европската Унија, а особено радува фактот што земјата станува дел и од заедничкиот европски механизам за заштита од Ковид19, преку учество и во заедничката набавка на Европската Унија за медицински средства за оваа намена, истакна Османи.

Вархеји истакнал дека како земја – преговарач, Република Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат соодветно распределени средствата за солидарно справување со предизвиците од Ковид 19.

Османи упатил и лична благодарност до еврокомесарот Вархеји за неговиот личен придонес за одлуката за пристапни преговори со ЕУ.

Прочитајте и...  Втор ден без новозаболени од Ковид-19 во Прилеп

-Пренесувам искрена благодарност во името на целата Влада и во името на граѓаните на Република Северна Македонија, за историскиот успех на земјата конечно да добие одлука за почеток на преговорите, истакнал Османи на видео-конференцискиот состанок со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји. 

 

Прочитај повеќе

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Димитров ќе земе учество на конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Слободен печат

„Излегувај надвор“- Жена без маска грубо избркана од маркет од купувачите (ВИДЕО)

Слободен печат

Венецуела со авиони ловци ги штити петте иранските танкери

Слободен печат

Еваристе Ндајишимије избран за претседател на Бурунди

Слободен печат

Филипче: Само со придржување до мерките може постепено да се враќаме во нормала, алтернатива на тоа е строга рестрикција

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Италијанската полиција уапси 10 припадници на мафијата „Ндрангета“

Слободен печат

Расте бројот на деца кои живеат во сиромаштија – ќе се зголеми на 672 милиони

Слободен печат

Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19

Слободен печат

Бугарите атакуваат и на српскиот јазик: Во времето кога се формирал српскиот јазик Бугарите не беа Словени

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот

Слободен печат

Гренел: САД подготвуваат нови санкции за Северен поток -2

МИА Агенција