Османи: Стратешкиот дијалог со САД не е замена за евроинтеграцијата, туку е комплементарен со неа

Бујар Османи, министер за надворешни работи/Фото: МИА

Стратешкиот дијалог со САД не е алтернатива, туку е комплементарен на процесот на ЕУ-интеграција. Не очекуваме ново вето од Бугарија, одговори шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-конфренција во Владата со премиерот Димитар Ковачевски посветена на увоениот план на активности во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД.

– Точно е дека стратешкиот дијалог беше инициран од наша страна тогаш кога беше неизвесно дали ќе почнат преговорите. Бидејќи сметавме дека ни треба еден таков процес во којшто ќе се следат сите аспекти од развојот на општеството – антикорупциска политика, владеење на право, тие поглавја коишто ги има во ЕУ. И така почна оваа идеја, кога го нема тој механизам да го имаме овој механизам. За среќа успеавме да ги имаме двата механизми, односно да имаме две раце коишто не туркаат во прогрес и кон ЕУ, така што не е алтернатива, туку е комплементарно на процесот на ЕУ-интеграција. Значи, антикорупциската политика, владеење на правото, сите тие механизми што ги имаат САД, таа поддршка што ќе ја даде на судството ќе ни помогне побрзо да ги постигнеме критериумите за членство во ЕУ. Така што, буквално се две раце коишто ќе ја држат земјата да биде во континуиран развој. Не предвидувам никакво вето. Патот на Северна Македонија е влезен во неповратна фаза кон членство во ЕУ, нема да биде лесен, ќе има многу предизвици, ќе има многу веројатно вакви ескалации меѓутоа тоа се само амплитуди по патот, правецот нема да биде сменет дефинитивно, рече Османи на новинарско прашање.

Во однос на впечатокот дека кога односите со Бугарија се на многу ниско повторно се интензивира дијалог со САД, Османи рече дека има континуитет во однос на стратешкиот дијалог, а по дефинирање на темите со овој дијалог, се формираше работна група која заедно со американската администрација создаде конкретни проекти во краткорочни, среднорочни и долгорочни рамки.

-Во моментот кога созреаја условите сите проекти да бидат прифатени од страна на сите институции, да бидат прифатени од американската страна поминаа на Влада и веќе ја информираме јавноста дека навистина влегуваме во едно ново поглавје во односи со САД кога рамката од 2008 за стратешко партнерство преминува во акциски план, станува жив инструмент којшто ќе ги продлабочи односите и сигурно ќе донесе повеќе стабилност, повеќе развој, повеќе економија и културна размена помеѓу нашите две држави, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот