Османи – Стоев во Анталија: Остануваме посветени на напорите за изнаоѓање решение за блокадата

Модалитетите и начините за надминување на разликите кои доведоа до блокада од страна на Бугарија, за европските интеграции на Северна Македонија, беа отворени уште еднаш на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи со неговиот бугарски колега Светлан Стоев, на маргините на Самитот и Анталија форумот, Турција.

Министрите ги реафирмираа заложбите за интензивна комуникација на сите нивоа, со цел надминување на разликите и овозможување на формално започнување на преговорите за членство на нашата држава во Европската унија, што претставува заедничка цел, беше истакнато на состанокот.

– Сериозно остануваме посветени на напорите за изнаоѓање на решение за застојот, кој ќе овозможи одржување на Првата меѓувладина конференција со ЕУ, истакна Османи по состанокот.

Како што соопшти МНР, средбата Османи-Стоев е втора, последните два дена во Анталија, меѓу кои се одржа и посета и билатерални средби на висока Владина делегација од Северна Македонија на Софија, меѓу кои беше и министерот Османи, со државниот и политички врв на Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот