Османи стави потпис и се заложи за мултилатеризам

Фото: Слободен печат

Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со Резидентниот координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија Росана Дуџиак денеска во холот на МНР ја потпиша новата Рамка за соработка за одржлив развој  (UNSDCF) за периодот 2021-2025.

-Како земја-членка на НАТО ги надминуваме стереотипите, залагајќи се за мултилатерализам, нагласи министерот за надворешни работи Бујар Османи, на потпишувањето на новата Рамка за соработка за одржлив развој, со ООН.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Според него, оваа рамка, ќе претставува основа за блиско партнерство на Владата и ООН, со цел исполнување на заложбите на земјата за почитување и унапредување на човековите права.

Османи додаде дека се очекува постигнување на четири цели од соработката: подобрување на животниот стандард, универзален пристап на сите граѓани до социјалните услуги, одржување на природните ресурси и биодиверзитетот, како и владеење на правото и родово базирани политики.

Потпишувањето на Рамката, како што посочија од МНР, симболички се совпаѓа и со Денот на ОН, 24 октомври и 75-годишнината од основањето на Организацијата на Обединетите Нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот