Османи со смирувачки тон за меморандумот на Бугарија: Имаме стратегија, знаеме што правиме

Фото: mia.mk

Имаме стратегија и знаеме што правиме, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи во врска со меморандумот што Бугарија го проследи до земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и потенцијалната можност за документот да биде кочница на интеграцијата на Македонија во европското семејство на држави и народи.

Наследникот на Димитров на позицијата во МНР на денешната прес-конференцијата ја образложи мисијата на ресорот со кој ќе управува во наредните четири години и најави цврсто бранење на државните и национални интереси.

– Имаме стратегија, знаеме што правиме. Црвените линии на бранење на нашите национални и државни интереси се поставени и цврсто стојам на нивниот браник. Ве уверувам како што паметно стигнвме до одлука за почеток на преговорите, така ќе ги почнеме и преговорите“, изјави Османи.

Османи, сепак, рече дека бугарскиот меморандум отстапува од Договорот за добрососедство.

– Можам да изразам жалење оти отстапува од принципите на кои се заснова Договорот за добрососедство со Бугарија чија цел беше да се создадат рамка и инструменти за надминување на разликите кои што постојат меѓу двете земји, за одвојување на политичките од историските прашања. Не треба да се стави приоритет на едно врз друго, но додека се испреплетени, не може да има успех во ниту една од двете траектории“, вели Османи.
Како што кажа истакна министерот, прашањето на идентитетските карактеристики произлегува од правото на самоизјаснување и самоопределување на народите и тие не се дел од билатерални спорови.
– Прашањето на историските фигури е затоа што тие не можат да се изјаснат и затоа треба да седнат историчари и научници кои треба да најдат историски документи за нивните идентитетски атрибути. За прашањето на јазикот и други идентитетски карактеристики, тоа е современо право на самоопределување што никој не го спори“, кажа министерот за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот