Османи со државниот врв на Црна Гора: Блиските и партнерски односи да поттикнат и плодна економска соработка

Во рамки на официјалната посета на Подгорица и состанокот со својот црногорски колега, Ѓорѓе Радуловиќ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средби со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, првиот човек на црногорскиот Парламент, Алекса Бечиќ, премиерот Здравко Кривокапиќ, и со заменик претседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.

Како што информира МНР, на средбите беа нагласени блиските и партнерски односи меѓу двете земји, за кои беше потенцирано дека се без отворени прашања и, според  соговорниците,  овие политички односи треба да бидат поттик за богата и плодна економска соработка, за што постои интерес и потреба. МНР посочува дека акцент беше ставен и на соработката на двете земји сојузници во рамките на евроатлантските механизми за соработка и особено во процесот на интеграцијата во Европската Унија.

– Двете држави се залагаат за една заедничка цел, а тоа е вложување на посебни напори за брза имплементација на потребните реформи на патот на целосната интеграција во Унијата. На тој пат, би сакал да ја истакнам важната соработка со Црна Гора, и посебно да изразам огромна благодарност за нејзината цврста и безрезервна поддршка за нашите стратешки цели и определби, нагласи министерот Османи.

Шефот на дипломатијата, како што информира МНР, посочи дека членството на Северна Македонија и Црна Гора во Европската Унија ќе значи отворање нови перспективи за нашите земји и граѓани, како и консолидирање на европската перспектива на целиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот