Османи: Словачка недвосмислено, јасно и принципелно ја поддржува Северна Македонија за почеток на преговори

Владата на Словачка јасно и недвосмилено гласно ја нагласува поддршката на нашата земја за влез во ЕУ, а оваа поддршка е посебно значајна за нас во овие комплексни моменти кога ЕУ не успеа да постигне консензус за нашиот напредок. Токму тогаш гласната поддршка од нашите пријатели е знак на оптимизам, не само меѓу политичарите туку и администрацијата и сите прогресивни сили во земјата, истакна денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата со министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Иван Корчок кој престојува во работна посета на земјава.

– Поддршката од Словача е јасна, недвосмислена и принципиелна. Северна Македонија заслужи почеток на преговори, за што има одлука донесена со консензус во март минатата година. Можам да се согласам дека не треба во ЕУ да внесуваме недоразбирања, но во исто време објективен е впечатокот кој се создава и кај нас и кај останатите земји во регионот дека процесот на интеграција станува непредвидлив, нејасен или попрецизно е вид подвижна мета која не наградува според учинок туку според актуелните политички околности, рече, меѓу другото, Османи.

Османи информираше дека Владата го прифатила предлогот за отворање амбасада во Братислава, но не само како симболика, туку како суштински придонес и засилување на нашето пријателство.

Словачкиот министер за надворешнни работи Корчок ја истакна поддршката што оваа земја ја дава за почеток на преговори со ЕУ изразувајќи надеж дека членките на ЕУ ќе постигнат консензус за време на португалското претседателство со ЕУ.

Корчок исто така кажа дека отворањето на македонска амбасада во Братислава ќе значи унапредување на односите помеѓу двете земји, не само на политички туку и на економски план.

На средбата се разговарало и за билатералните односи меѓу двете земји, можностите за нивно унапредување во сите области од заемен интерес, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план.

Османи му се заблагодари на словачкиот министер за надворешни работи Корчок за четирите медицински вентилатори од НАТО Доверителниот фонд за одговор на пандемија (NATO Pandemic Response Trust Fund – PRTF), што како донација од Совак еид (Slovak Aid) ќе ни биде предадена денескана Меѓународниот аеродром во Скопје.

Покрај средбата во Министерството за надворешни работи, Корчок ќе се сретне и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

Посетата на словачкиот министер е во рамки на неговата турнеја по земјите од Западен Балкан и ангажманите на Словачка за обезбедување европска перспектива за регионот. Корчокова турнеја ја започнува токму од Скопје.

Неприфатлива е обврската Македонија да ја поправи наводната погрешна интерпретација на историјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот