Османи: Шесте месеци за кои зборува бугарскиот премиер Петков се премногу долг период за нас

Бујар Османи во утрински брифинг Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 рече говореше за актуелната политичка состојба и за случувањата помеѓу Македонија и Бугарија.

И покрај денешните лоши вести за земјава од Брисел, министерот сè уште има големи очекувања дека Македонија наскоро ќе ги започне преговорите со Европската Унија.

– Денеска се водела тешка дебата, но направиле компромис да остане барањето. Очекуваме земјава веднаш да ги почне преговорите штом се усвои преговарачката рамка. За првпат Бугарија не можеше да најде вина во Македонија. Во денешната дебата во Брисел немаше прашање по однос на погрешната интерпретација на историјата, туку имаше наметнување од страна на словенечкото претседателство да се одреди рок до крајот на годината – истакна Османи.

Нашата позиција е принципиелна и многу земји-членки на ЕУ ја поддржуваат, додаде министерот.

– Бугарија има право на вето, а во однос на ставот на новиот бугарски премиер Кирил Петков, спорна е временската рамка. Шест месеци е предолг период во контекст во кој се наоѓа регионот. Има многу отворени прашања. Сметам дека тој период не ни одговара. Треба да седнеме со Петков и да разговараме што значи тој период. Нема потреба целиот регион да се држи во заложништво – рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот