Османи: Северна Македонија вчера ја прими донацијата од над 50 000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Северна Македонија вчера ја прими донацијата од над 50 000 вакцини „Фајзер” од Бугарија, напиша утрово на Твитер шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност, напиша Османи.

Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50 000 вакцини за Северна Македонија. Министерот за здравство на Бугарија Стојчо Кацаров тогаш појасни дека донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите тогаш тоа не било извршено.

Извор: МИА

МЗ: Вакцините на „Фајзер“, донација од Бугарија ќе бидат аплицирани пред истекот на рокот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот