Османи: Секој треба да си го штити својот праг за да не влезе вирусот во неговиот дом

Вицепремиерот за европски прашања и шеф на владиниот кризен штаб Бујар Османи во вечерашното интервју за телевизијата „Телма” истакна дека колективните рестриктивни мерки не можат да бидат посилни од индивидуалната свест на граѓаните и оти е потребно спротивставување на лажните вести и теориите на заговор, за луѓето да ја увидат опасноста на вирусот а не да веруваат дека тој не постои.

– Јас, како политичар, не би контрирал на ставовите на Комисија за заразни болести во однос на рестриктивните мерки. Но, лично сметам дека колективните рестриктивни мерки не можат да бидат посилни од индивидуалните мерки за заштита. Не може на ниту еден начин да се наметне личната хигиена, држењето дистанца и носењето маска. Треба да се работи на подигнување на индивидуалната свест дека секој треба да си го штити својот праг за да не влезе вирусот во неговиот дом, истакна Османи, кој рече дека во моментов е многу важна борбата против лажните вести, кои се обидуваат да ја злоупотребат психичката фрагилност на луѓето за да наметнат конспиративни теории.

Прочитајте и...  Вжештена предизборна реторика, партиите со разни ветувања пред граѓаните

Според Османи, зголемениот број на новозаразени е вознемирувачки и загрижувачки. Но, како што рече, олеснителна околност е тоа што се познати кластерите, што овозможува подобро менаџирање, тестирање и контролирање на вирусот.

Тој истакна дека поголемиот дел од граѓаните ја сфатиле сериозноста на ситуацијата и ги почитувале владините мерки, но проблем се оние кои тоа не го сториле.

– Доколку некој не верува дека маската го штити, тој ќе ја носи само кога ќе види полицаец, потоа ќе ја извади. Не може полицаец да ја чува секоја врата и да го чува секој човек, вели Османи, кој смета сите заедно во Владата, која е составена од неколку партии, треба заедно да работат за да се надмине епидемиолошката криза и оти е рано да се утврдува одговорноста за зголемување на бројот на новозаразени, бидејќи, како што рече, за тоа е потребна издржана анализа, а не шпекулации.

Прочитајте и...  Изработен прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што сè спаѓа во домашни производи

Прочитај повеќе

Шекеринска од Дебар: Минималната плата ќе биде 20.000 денари

Слободен печат

Силјановска – Давкова: Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен

Слободен печат

Мицкоски: Се пријавувам да бидам првиот кандидат за ветинг на македонската политичка сцена

Слободен печат

Спасовски: Народот ги виде Скопје 2014 во стиропор и ВМРО-ДПМНЕ во криминал и веќе избра сигурна иднина и пари кај граѓаните

Слободен печат

Вучиќ ја пофали Македонија дека чесно тестирала и се пофали дека Србија направила најмногу тестови во регионот

Слободен печат

Ахмети од Кичево: Македонија се гордее со Мајка Тереза, ќе се гордее и со премиерот Албанец

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Силен и пороен дожд поплави улици во Битола (ВИДЕО)

Слободен печат

Денес е најлошиот ден од почетокот на пандемијата во светот, новозаразени има преку 200 илјади

Слободен печат

Заев: Ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО, со обезбеден идентитет и со признат јазик

Слободен печат

Филипче: Ќе почнеме со изградба на Клинички центар, првиот блок ќе биде готов за четири години

Слободен печат

Силјановска покажа како се „денса“: Треска на саботната вечер (ВИДЕО)

Слободен печат

Најмалку 43 убиени во судири во Јужен Судан, украдени и десетици говеда

Слободен печат