Османи: Секој сака поголема плата, ама политичарите треба да бидат последните на листата за зголемување

Политичарите треба да бидат последни кои ќе добијат поголема плата, а предност треба да имаат граѓаните со најниски примања, изјави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

– Од практичен аспект, секој политичар што ќе каже дека не му е битна платата веројатно не остава добра порака, бидејки значи дека има други извори. Јас немам други извори за егзистенција освен оваа плата. Се разбира, секој би сакал да има поголема плата. Но од етички аспект, политичарите треба да бидат последни на листата на граѓани кои треба да имаат зголемување на платите. Да, треба да има зголемување зашто платите се скандалозно мали, но тие треба да бидат последни. Откако на сите ќе им се зголемат платите тогаш и на политичарите – рече Османи.

Одговарајќи на новинарски прашања во Паркот на франкофонијата, тој повтори дека „од практичен аспект е демагогија секој што ќе каже дека не му е важна платата во овие тешки времиња за сите“.

Османи не ги коментираше различните толкувања за покачување на платите од 78 или 19 проценти, бидејќи како што кажа, не слушнал за одлуката и не ги знае деталите, но повтори дека од етички аспект први на ред за зголемување треба да бидат граѓаните кои земаат околу минималната плата и околу просечната плата, па на крајот да бидат политичарите.

Османи додаде дека за оваа одлука ќе се расправа на седница на Влада, а тој ќе предложи сите да добијат зголемување на платата, но предност пред политичарите да имаат граѓаните со најниски примања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот