Османи: Сега е време на соработка меѓу земјите на Западен Балкан

Сите земји од Западен Балкан треба да соработуваат и да учествуваат рамноправно во сите меѓународни организации. Времето на исклучување е поминато, сега е време на соработка, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Енергетската заедница има клаузула според која доколку една држава од членките не присуствува, а Косово е членка, тогаш не може да има консензус во одлучувањето, бидејќи одлучувањето во Енергетската заедница е со консензус. Така што отсуство на една држава значи дека не може да има какво било одлучување, рече Османи во одговор на прашање при промоција на програмата Европски солидарен корпус.

Затоа, за одбивањето на министерот за економија Крешник Бектеши да учествува на конференцијата во Молдавија поради неприсуството на Косово, како што рече, повеќе се работи за начин на функционирање на Енергетската заедница отколку за солидаризирање.

-Иако и да имаше солидаризирање тоа го поддржувам затоа што енергетското поврзување не смее да има политичка димензија. Вие не можете да го прескокнете Косово и да се врзете со некоја друга земја енергетски. Ќе мора да поминете низ таа територија. Времето на исклучување е поминато. Сега е време на соработка меѓу земјите на Западен Балкан и сите земји треба да создадеме напори. Доколку дозволиме ние фрагментација на некој од надвор да ни наметне кој треба да дојде, кој не треба да дојде ние сами ќе си дозволиме внатре да не поделат и да не исклучуваат. Не, ние сме шест земји од Западен Балкан што сакаме да станеме членки на ЕУ и нема да дозволиме никој да влезе меѓу нас затоа што имаме капацитети да соработуваме и да си помогнеме едни на други, потенцира Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот