Османи: Сè уште постои силна солидарност во ЕУ околу одредувањето на датумот за преговори

Вицепремиерот за еврпски прашања Бујар Османи смета дека сè уште постои силна солидарност во ЕУ околу одредувањето на датумот за преговори со Северна Македонија, иако земјите-членки имаат многу внатрешни проблеми.

– После октомври сите изјави од Брисел ги земам со резерва. Сепак се чувствува едно движење како резултат на солидаризирање на светот во врска со историската грешка што ЕУ ја направи со Северна Македонија и Албанија. Мислам дека тоа масовно солидаризирање не може да се игнорира бескрајно. Ние работиме за секој Самит и за во декември и за во март, но сепак сметам дека треба да се земат со резерва ставовите во ЕУ каде очигледно има внатре многу проблеми- рече Османи.

Тој ја коментираше и најавената средба Пендаровски- Макрон.

– Очекувам појасен став во однос на тоа што Франција очекува од нас и од проширувањата- порача Османи од Тетово каде е на теренски активности во пресрет на владината седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот