Османи: Се надевам дека ќе најдеме начин да ја завршиме агендата на Собранието и изборите да се одржат во април

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев дека е можно да не поднесе оставка ако опозицијата ги кочи важните закони за граѓаните, рече дека е рано да се разговара за такви екстремни позиции, бидејќи се уште се во фаза на координација меѓу политичките партии.

Османи истакна дека е оптимист дека ќе се надмине состојбата во Собранието и оти ќе нема потреба за одложување на изборите закажани за 12 април следната година.

– Рано е да разговараме за такви екстремни позиции бидејќи се уште сме во фаза на координација меѓу политичките партии. Таквата координација се одвива денеска и со СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ за тоа како да се надмине оваа блокада во усвојување на законите во Собрание до крајот на оваа година. Сметам дека партиите ќе ги надминат овие партиски позиции и ќе најдеме начин како да ја завршиме успешно оваа агенда на Собранието оваа година и да продолжиме според договорот што е постигнат за одржување на изборите во април – посочи Османи.

Претходно, Заев изјави дека тој не сака изборите да бидат одложени, но оти е можно за тоа да се разговара и тој да не поднесе оставка на функцијата, доколку опозицијата ги блокира процесите за донесување на законите во Собранието коишто, како што оцени, се од животно значење за граѓаните.

Претседателот Стево Пендаровски, синоќа изјави дека нема логика изборите да се одложат бидејќи тие се закажани само неколку месеци пред редовниот термин, како и тоа дека тоа би ги нарушило планирањата на бизнис заедницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот