Османи: Разлики се во нијанси за прашањето за Гоце Делчев, во ДУИ нема раскол, туку жива дебата

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Прашањето за Гоце Делчев е отворено во комисиите уште во ноември минатата година, меѓутоа направени се некоку обиди. Мислам дека во однос на содржината во некоку варијанти разликите се и веќе во нијанси помеѓу двете комисии, изјави на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи. 

– Комисиите работат автономно. Меѓутоа бидејќи ние сме информирани по однос на тоа што го работат, јас мислам дека во овие разговори на моменти имам чувство дека разликите се во нијанси по однос на различните погледи на историчарите од двете комисии за одредени историски фигури. И апсолутно точно е дека комисиите таа улога ја имаат да најдат заеднички точки,  начини како да ги одбележуваат фигурите за коишто двете страни сметаат дека имаат значење за нив, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање дали се очекуваат резултати од Заедничката комисија за историски прашања која следната средба треба да ја има на 3 и 4 декември во контекст на напорите за одржување на првата меѓувладина седница со ЕУ и почеток на преговорите.

Во Демократската унија за интеграција нема раскол, туку жива дебата која секогаш завршува на ниво на партијата, изјави Османи.

– Во ДУИ нема никаков раскол, ништо невообичаено не се случува. Тие што го следат начинот на функционирање на ДУИ знаат дека во ДУИ има жива дебата, секогаш имало различни ставови, многу активни, многу гласни. И тоа е убавината на функционирањето на ДУИ нешто што претседателот од секогаш го има поттикнато и го има охрабрено внатре да има дебата, да има различни погледи. Но предноста на ДУИ е што секогаш овие дебати завршуваат  на ниво на партијата и  мислам дека така ќе биде и овојпат, рече Османи на новинарско прашање дали постојат превирања во партијата по најавите за поднесување интерпелации за него и за првиот вицепремиер Артан Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот