Османи: Потребно е законско продолжување на рокот на пасошите

Македонски пасоши/ Фото: МИА

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи истакна дека иницијативата за измени на законот за продолжување на важноста на пасошите треба да дојде од МВР и нагласи оти тоа е е уште една причина зошто Собранието не смее да се блокира. Тој соопшти дека за продолжување на рокот на пасошите имале состанок во Министерството за внатрешни работи.

– Ние ги разгледавме сите други можности како да им се олесни на граѓаните, особено на оние кои се во прекуокеанските земји, а на кои им е изминат рокот на пасошот. Ја разгледавме и можноста да пратиме мобилни екипи. Но, очигледно во Кина не можеме да испратиме, затоа што таму има 30 дневен карантин, за сите кои патуваат, па затоа не можеме нашите дипломати да ги испратиме. Со МВР донесовме заклучок дека треба да се смени законот. Таа иницијатива треба да дојде од МВР. Тоа е уште една причина зошто Собранието треба итно да се деблокира. Ние сме на врв на здравствена криза, со силни социо-економски последици и навистина е недозволиво политички игри кои ја блокираат работата на најважната институција на државата, да влијаат на судбината на нашите граѓани, кои или ги губат работните места или не можат да се вратат оти им е истечен рокот на пасошот, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот