Османи: Постојаното одложување на преговорите е неодржливо

фото: МИА

Состојбата на постојано одложување на почетокот на преговорите е неодржлива, неодржлива е за регионот, неодржлива е за кредибилитетот на процесот на проширување и неодржлива е за ЕУ, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Сметам дека, имајќи ги предвид сите аргументи оти Република Северна Македонија ги испорача сите критериуми, дури и ги надмина критериумите за почеток на преговорите, треба да ги почненм преговорите во услови кога 35 проценти од европското законодавство е дел од нашето законодвство – истакна Османи на прес-конференција по тематскиот работен состанок со шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претсавништва акредитирани во земјите членки на ЕУ и постојаните претставништва во Унијата и НАТО.

Тој нагласи дека земјава влегува во старт на преговорите со една третина усогласеност со европското законодавство и со исполнети политички и економски критериуми, кои ги надминуваат условите за почеток на преговорите.

– Се направија сите потебни реформски решенија и се затворија сите политички прашања кои стоеја како пречка на патот. Мислам дека овие аргументи и разговорите со бугарската Влада ќе достават доволно предуслови преговорите да почнат веднаш, а Договорот за добрососедство секако е дел од обврските на државата – додаде Османи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот