Османи: Поддршката на уставните измени е последната шанса опозицијата да учествува во историските одлуки

Фото: Фејсбук/Бујар Османи

Поддршката на уставните измени е последна шанса за опозицијата да учествува во носењето важни процеси за иднината на државата, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој во гостување „Телма“ порача дека наместо посматрање од страна и критикување опозицијата конечно треба да се вклучи во процесот и учествува во историските одлуки за иднината на граѓаните.

„Мислам дека ова е последна шанса да опозицијата барем во еден важен историски момент да биде дел од носењето одлуки, а не од бегањето на страна и потоа жалење дека другите лошо ги решиле прашањата. Бидејќи ако не учествувате сами некој друг ќе ви ги реши прашањата, не може државата да остане со отворени проблеми. Така што најиронична позиција којашто можете да ја имате е токму тоа, не учествувате бидејќи е најбезбедно да не носите одлуки и по однос на јавното мислење и потоа само ги критикувате другите“, рече Османи.

Тој оценува дека ова однесување на опозицијата односно критикување без учество не носи резултати ниту позитивни рејтинзи од граѓаните. Според него граѓаните таквите слабости во политичкото однесување најлесно ги препознаваат и не ги прифаќаат. Напротив, смета Османи, во клучните моменти за државата не им требаат луѓе кои следат, туку предлагаат, учествуваат и решаваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот