Османи: Пендаровски ќе биде идниот претседател на Македонија - Слободен печат
ВестиМакедонија

Османи: Пендаровски ќе биде идниот претседател на Македонија

Стево Пендаровски е вистински консензуален кандидат за претседател, затоа што ја има поддршката од сите етнички заедници, поддршката од 30 партии и е предвесник на нашата европска иднина, порача денеска на големиот граѓански митинг, Бујар Османи од политичката партија ДУИ.

Османи порача дека денешната поддршка, денешното заедништво ја покажува европската срж на нашето општество, ја покажува вистинската слика на Европа на Балканот и е доказ дека се движиме на вистинскиот пат.

– Пендаровски е симбол на нашата внатрешна инетргација и кохезија помеѓу различните етнички заедници. Тоа е нашата предност и како граѓани и како заедница и како држава. Тоа е нашата предност на 21 април наспроти другите кандидати. Токму затоа Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на Република Северна Македонија, ќе биде гласот на разумот и претседател кој ќе ги обeдини сите заедници и во добри и во лоши времиња – истакна Османи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close