Османи: Општина Чаир има најмногу заразени лица бидејќи е најгусто населена општина во Европа

Според него, непочитувањето на мерките не беше причина за овој пик, туку, како што рече, е последицата од лажните вести коишто го злоупотребија заморот на граѓаните.

Вицепремиерот за европски прашања и шеф на владиниот кризен штаб за справување со вирусот КОВИД-19 Бујар Османи, зборувајќи за актуелната состојба со вирусот во земјава и големиот број на заразени во Општина Чаир, истакна дека оваа општина има специфични околности и е најгусто населена општина во Европа. Оваа изјава вицепремиерот Османи, ја даде во вечершната емисија на ТВ Алфа, „ШТО НЕ Е ЈАСНО”, каде додаде дека нема општина со најмногу население на квадратен метар во Европа.

– На еден километар квадрат во Чаир, живеат околу 20 илјади граѓани, односно на три и пол километри квадрати колку е Чаир, живеат околу 67 илјади граѓани. Така што многу полесно ќе се шири инфекција во едно густо население средина, од колку во Сарај, каде веднаш се стави под контрола, каде на една поголема територија живеат помалку луѓе. Постојат географски и други карактеристики, изјави Османи.

Давајќи дополнително објаснување, вицепремирот Османи, рече деке албанските семејства живеат со повеќе членови, односно повеќе семејства живеат во ист двор, во неколку средини, особено во руралните.

– Тука изолација е многу потешко да се направи, за разлика од стан, каде ако сте четворица, го затворате станот и никој не ви влегува. На такви начини на живење, во поголеми семејства, здружени, многу е потешко ако имате еден позитивен случај, истиот ќе се прошири кај другите. Не треба да се обвинуваат луѓето дека едните се дисциплинирани, додека другите се помалку дисциплинирани. Секогаш имаа такви кој што се не дисциплинирани, и затоа постои систем на казнување, на санкции, наведе Османи.

Според него, непочитувањето на мерките не беше причина за овој пик, туку, како што рече, е последицата од лажните вести коишто го злоупотребија заморот на граѓаните.

– Јас Владата во едно работа ја обвинувам, а тоа е во нерадикалното справување со лажните вести. Најдобро пример за лажни вести е дека над 25 проценти од граѓаните не веруват дека постои вирусот. Имаше лажни вести од типот дека ова е конспирација на Бил Гејтс за да ги вакцинира луѓето и да им стави чипови. Можам да ви обезбедам листа на извори, дури на моменти помислив дека оваа е специјална војна. Имаше и информација дека две земји во светот се извор на лажни вести за пандемијата, и дека едно од нив сме ние. Претпоставате ситуација една таква лажна вест има моќ да стигне до Америка, од Велес, (како што беше случајот со Трамп) замислете што ќе направи по пат, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот