Османи: Околу 2000 граѓани имаат нерешен статус на државјанство, темата да не се „киднапира” за дневна политика

Според моите информации, околу 2000 граѓани имаат нерешен статус на државјанство, од коишто 1.300 се Албанци, другите се од другите етнички заедници. Прво е многу важно да се дефинира проблемот пред да се пристапи, бидејќи имаше шпекулации за 70.000, 40.000, 50.000 со цел темата да стане дел од добивањето на дневно-политички поени, а не решавање на судбини на граѓани, истакна на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање тој нагласи дека станува збор за 1.300 нерешени апликации што од различни причини се нерешени, дел поради бирократска инертност, дел поради погрешно интерпретирање на законите, и тие, како што рече,  добро е да се решат.

– Сепак не е малку 1.300 граѓани да немаат можност да имаат документи, а луѓето живеат овде и не можат да ги користат основните права коишто ги имаат како граѓани. Во последните 20-30 години имаше една информација дека околу 14.000 го решиле прашањето токму преку законските решенија коишто ги олеснуваа одредени бирократски процедури, останува овие 2.000 коишто низ системот треба да се регулира нивниот статус, меѓутоа никако не смее оваа тема да се „киднапира” во дневно политичките препукувања, особено во услови на криза и пандемија со цел да се заклучат други важни исто така прашања – потенцираше Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот