Османи: Обезбедени се 26,7 милиони евра за автопатот Скопје-Блаце

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска преку Фејсбук статус објави дека во претстојната конференција во Познан, Полска, е обезбедено кофинансирање на проектот Скопје-Блаце со 26,7 милиони евра, средства од WEBIF.

– Како координатор на проектот за имплементација на автопатот Скопје-Блаце, ми претставува вистинско задоволство што на претстојната конференција за западниот Балкан во рамките на „Берлин процес“, во Познан, Полска, меѓу останатите обезбедивме и кофинанцирање на пројектот Скопје-Блаце со 26,7 милиони евра, средсвта од WEBIF – пишува Османи на социјалната мрежа Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот