Османи – Нуланд: Македонија ќе се координира со САД за време на претседавањето со ОБСЕ

На маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со Викторија Нуланд, потсекретар за политички прашања во американскиот Стејт департмент и најави тесна координација со САД за време на претстојното претседавање на Северна Македонија со оваа организација.

Како што соопшти МНР, на средбата се разговарало за одличните билатерални односи меѓу Северна Македонија и САД, кои, според нив, постојано се збогатуваат, а Османи и Нуланд посебно се осврнале на првите конкретни резултати од неодамнешното одржување на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји.

Во фокус на разговорите беше и соработката и сојузништвото во рамки на мултилатералните организации, како што е НАТО и ОБСЕ, а под лупа на новите светски тешкотии, предизвикани од руската непровоцирана агресија врз Украина.

Во контекст на ОБСЕ, Османи ја информирал Нуланд за приоритетите на идното претседавање, при што нагласил дека покрај војната во Украина, како приоритет број еден, посебно внимание ќе им се посвети и на останатите кризни региони, зајакнувајќи ги дополнително мировните мисии на ОБСЕ на терен.

–ОБСЕ може да помогне во изнаоѓањето на потребните решенија, со цел смирување на тензиите, зајакнување на предвидливоста, обновување на каналите на комуникација и дијалогот. Сите страни мора да го признаат и целосно да го искористат потенцијалот на оваа платформа, изјавил Османи.

Тој меѓу другото, најавил тесна координација со САД, како и со сите други земји учесници на ОБСЕ при реализација на активностите идната година, со цел да им се излезе во пресрет на најранливите категории на луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот