Османи незадоволна од ставот на Лајчак за независноста на Косово

Вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи реагираше на наводите на специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Тој рече дека доколку Белград го промени ставот кон Приштина, истото може да го сторат и пет европски земји кои не ја признаваат независноста на Косово, пренесува Газета Експрес.

Лајчак, во видео дискусија со германската амбасадорка во Вашингтон, Емили Хабер, истакна дека позицијата на петте земји може да се промени доколку Белград и Приштина постигнат договор.

„Сè што е прифатливо за Србија, ќе биде прифатливо и за другите земји кои не го признале Косово“, рече Лајчак.

Османи рече дека Лајчак инсистира на тоа Приштина да може да го продолжи дијалогот само по формирањето на владата по изборите што ќе се одржат на 14 февруари. Таа додаде и дека е жално ако надворешната политика на тие земји е предмет на политиката на Србија и Русија.

„Освен што е несреќно, опасно е за целата Европска Унија нејзините пет земји-членки да ги утврдат своите правила и пристапи врз основа на желбите и барањата на Србија“, рече Османи, повикувајќи ги тие земји да го почитуваат мислењето на Меѓународниот суд на правдата и да го признаат Косово без да чекаат тоа да го стори прво Србија.

Шпанија, Словачка, Романија, Кипар и Грција се членките на ЕУ кои сè уште не ја признале независноста на Косово.

Османи денес ја заврши својата посета на Брисел во средата, каде се состана со високи претставници на ЕУ и претседателите на двата дома на белгискиот парламент.

Таа имаше средба со специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, како и со еврокомесарот за проширување Оливер Верхеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот