Османи: Нема криза ако обвинението на претседателот биде потврдено ,подготвена сум да ја превземам функцијата

Вјоса Османи / Фото: Архива на Слободен печат
Претседателката на косовското собрание, Вјоса Османи, рече дека нема да има институционална криза доколку  Специјалниот суд го потврди обвинението  на претседателот Хашим Тачи.
Таа во емисија на телевизијата КТВ рече дека е подготвена да ја превземе оваа задача, сè до изборот на нов претседател.
„Нема вакум бидејќи Уставот јасно покажува дека претседателот на Собранието го заменува претседателот до моментот кога е избран нов. Значи, нема институционален вакуум, напротив, ќе има само повисоки перформанси. Доколку (претседателот) се повлече, се разбира дека не знаеме дали се случи такво нешто и да ви кажам многу искрено, ниту воопшто се грижам за ова прашање, бидејќи никогаш не сум го видел Специјалниот суд како тело или механизам создаден од самото собрание на Косово како нешто што треба да се искористи за да се добие политичка предност или политички да се поразат политичките противници“   рече Османи.
Таа смета дека не е правилно да се гледа Специјалниот суд како механизам што некому му помага политички.
„Напротив, јас бев една од оние кои сакаа да ги поразат со глас на изборите и го постигнав тоа, “ додаде престедателката на собранието.
Според неа, доколку изборот на претседател е наметнат во наредните пет години од изборните губитници, тоа во голема мера би го нарушило кредибилитетот на институцијата. Таа рече и дека ја поддржува идејата претседателот да биде избран директно од граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот