Османи: Не ги прекршивме протоколите, но испративме грешна порака до граѓаните

За жал за настанот имаше погрешна интерпретација, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој вчера на социјалните мрежи објави фотографија од новите простории на Министерството за политички систем, на која десетина функционира на ДУИ, без растојание и заштитна маска му го честитаа роденденот на претседателот на партијата, Али Ахмети.

– Немаше ниту партизација ниту непочитување на протоколите. Имаше момент на промовирање на новиот објект на Министерството, каде еден од вработените го изненади претседателот Ахмети со честитка за неговиот роденден. Тој миг се искористи за да се направи слика и во тој дел апсолутно нема кршење на протоколите. Да, можеби, тука прифаќам една грешка, а тоа е пораката што се дава до граѓаните со слика без маска и тоа треба да се минимизира без разлика на тоа што се работи за миг на неносење маска поради фотографирање, изјави Османи.

Според него треба да се видат и останатите фотографии, со што би се докажало дека се почитувале протоколите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот