Османи: Не е чесно ова што му го прават „огнените“ на Али Ахмети

Фото: Фејсбук

Портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, вечерва во гостувањето на телевизијата „21“ рече дека „не е чесно кон лидерот на ДУИ Али Ахмети ова што му го прават од таканаречената „огнена група“.“

„Ахмети е историска личност. Ахмети 20 години работи за интересите на државата. Тој е човекот кој секогаш ги штити интересите на државата. Видете, Али Ахмети работеше за Северна Македонија да стане членка на НАТО, сега силно работи да ги обедини сите политички партии кои сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Ахмети и во Охрид беше во целосна комуникација со меѓународниот фактор за да се најде компромис меѓу Косово и Србија, со цел да имаме стабилен регион, а ова е посебно битно сега кога не далеку од тука има војна. Затоа сметам дека не е чесно кон него ова што го прават неговите пријатели од „огнените“ – додека Ахмети се залага за решавање на стратешки политики, тие го „замараат“ со минорни работи“, вели Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот