Османи: Нашите напори привршуваат, кредибилитетот на ЕУ од денес во рацете на земјите членки

Нашите напори овде привршуваат, кредибилитетот на Европската Унија од денес е во рацете на земјите членки, порача вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по завршување на работната посета на Италија, реализирана една недела пред донесување на одлуката на ЕУ за почетокот за преговори со нашата земја.

-Не можеше подобар финиш на турнејата по европските метрополи во пресрет на октомврискиот самит на ЕУ, од денешната посета на Италија. Со новиот министер за европски прашања, Винченцо Амендола, не само што обезбедивме зелено светло за почеток на преговорите, туку и цврсто уверување од Амендола дека Италија ќе ги искористи сите можности за да се обезбеди потребниот консензус за Република Северна Македонија, изјави вицепремиерот Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот