Османи на средба со Чавушоглу на маргините од состанокот на ПСЈИЕ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи, учесници во Процесот за соработка на Југоисточна Европа, што се одржува во Анталија, Турција.

Министрите заклучија дека двете земји негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници во НАТО, се поврзани и со исти вредности по однос на мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка.

На средбата, особено внимание беше посветено на исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји, при што министрите се обврзаа на активности кои ќе придонесат кон продлабочување на деловните и трговски врски. Турција како еден од најголемите странски инвеститори во земјата е од посебен наш интерес и во тој контекст, Османи го информираше Чавушоглу за одлуката за упатување на економски советник, кој во рамките на нашата Амбасада во Анкара, ќе работи исклучиво на унапредување на економската соработка.

Шефовите на двете дипломатии разговараа и за соработката во областите на образованието, одбраната, културата, туризмот, но и за борбата против тероризмот и сите форми на екстремизам

Видео на денот