Османи на министерски состанок на Алијансата: Ги чувствуваме последиците на севкупниот неуспех за обезбедување на вакцини

Фото: mia.mk

Република Северна Македонија, со целосно потпирање врз мултилатералните механизми во обезбедувањето на вакцини, ги чувствува последиците на севкупниот неуспех да се спроведе во дело она за што силно се залагаме на зборови, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на онлајн министерскиот состанок на Алијансата за мултилатерализам, што на иницијатива на министрите за надворешни работи на Франција и на Германија, Жан Ив Ле Дриан и Хаико Мас, се одржува на маргините на Високиот сегмент на 46-та сесија на Советот за човекови права на ООН.

Како што соопшти МНР, потенцирајќи дека мултилатерализмот останува единствениот можен начин за справување со глобалните предизвици, Османи во своето излагање посебно се осврна на влијанието на пандемијата со ковид-19 врз продлабочување на постојната нееднаквост меѓу развиените и земјите во развој, како и врз нарушувањето на човековите права во глобален контекст.

Во делот на дискусијата на темата: “Новите предизвици за човековите права, подготвеноста и одговорот за справување со пандемијата”, шефот на македонската дипломатија ја нагласи неможноста за еднаков пристап до вакцините, како дополнителен фактор што  ги влошува состојбите.

– Алијансата за мултилатерализам претставува важен форум за промовирање на заеднички солуции за глобални предизвици преку зајакнување на мултилатералната соработка. Таа е формирана на иницијатива на францускиот и на германскиот министер за надворешни работи во 2019 година. Оваа неформална алијанса е отворена за земји што веруваат дека мултилатерализамот е единствена гаранција за меѓународната стабилност и мирот со решавање нашите предизвици преку соработка, се додава во соопштението на МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот