Османи на итна средба со Захариева во Софија

epa08731290 Bulgarian Foreign Minister Ekaterina Zaharieva (R) welcomes North Macedonia's Foreign Minister Bujar Osmani (L) in Sofia, Bulgaria, 09 October 2020. Osmani is on an official visit in Sofia. EPA-EFE/VASSIL DONEV

Централна точка на преговорите очекувано е да биде акцискиот план меѓу двете земји, велат од Владата. Министерот за надворешни работи Бујар Османи веќе е на пат кон Софија, каде што ќе има посебна средба со својата бугарска колешка Екатерина Захариева.

За ова информираа портпаролите на Владата на претпладневна прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање околу можниот термин за одржување на билатералната меѓувладина конференција.

„Централна точка на преговорите очекувано е да биде акцискиот план меѓу двете земји. Повеќе информации за разговорите и за идните чекори очекуваме по враќањето“, рече портпаролот Душко Арсовски, посочувајќи дека усогласеноста на двата документа во еден акциски план е во финална фаза.
Акцискиот план е со цел областите на соработка да не станат жртви на преговорите за разликите, вели Османи

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот