Османи: Моравме поубедливо да победиме – Слободен печат
СпортФудбал

Османи: Моравме поубедливо да победиме

Убаво е кога европските настапи ќе ги почнете со победа иако мора да нагласам дека можевме и мораше да дојдеме и до поубедлива победа.

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, е задоволен од триумфот на неговите фудбалери над Номе Калју на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите.  Македонскиот шампион славеше со 1:0 на гостувањето кај естонскиот шампион, но Османи смета дека победата требаше да биде поубедлива.

– Убаво е кога европските настапи ќе ги почнете со победа иако мора да нагласам дека можевме и мораше да дојдеме и до поубедлива победа. Но, секако ова е прв натпревар за нас ова лето и секако значајна победа. Сепак, не треба сега триумфот да не залажува затоа што целокупната работа ќе мора да ја завршиме за една недела пред нашите навивачи и секако да обезбедиме пласман во следното коло – изјави Османи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close