Османи: Кризата од „Рекет“ треба да ја претвориме во можност

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево заседава во партиското седиште во тетовска Мала Речица. Според партискиот портпарол Бујар Османи на редовната средба фокусот е на две точки, првата – развојот на политички настани во државата и во пресрет на големите одлуки за ЕУ и НАТО, како и втората во однос на внатрешната организација со оглед на конгресот кој ќе определи како ДУИ ќе дејствува во наредните 20 години.

– ДУИ ја има позитивната и конструктивна улога во пресрет на големите одлуки за ЕУ и НАТО со акцент на имплементација на принципи и политиките кои се обидуваме да ги промовираме на ветингот, односно на проверката која сметаме дека треба да се имплементира во сите институции на системот со цел да се врати кредибилитетот на политиката, но и најважно кредибилитетот на институциите на системот. Втората точка за внатрешната организација, односно за подготвување за конгресот на партијата кој ќе биде од историско значење со оглед дека на тој конгрес ќе се објави новата програма на ДУИ, а тоа е ДУИ во наредните 20 години и принципите пост рамковниот договор, рече Османи

Прочитајте и...  По два дена, еден новозаболен во Прилеп, од утре скрининг на вработените во градинките

На новинарските прашања дали ќе се разговара за случајот „Рекет”, Османи рече дека детално ќе се разговара на таа тема. Посочи дека ќе се разговара како треба да постапи државата за една криза да се претвори во можност, односно правилно да се разреши.

– Ќе влијае врз одлуката ЕУ и НАТО доколку не успеваме да ја искористиме таа криза да ја претвориме во можност. А како една криза се претвора во можност. Доколку правилно пристапите на неа, доколку институциите на државата покажат дека се доволно зрели да се справат со било кој предизвик вклучувајќи го и тој комплексен процес како што е „Рекет”, покажа дека реформите кои ги правиме со планот 3-6-9 и со Планот 18 создаде институции кои не се плашат да се соочат со било какви предизвици од било кое ниво дали од политиката, дали од правосудството. Мислам дека може оваа криза за да ја искористиме како можност и да покажеме пред земјите членки дека еве имавме еден тест, покажавме дека сме зрели да почнеме процес на преговори со Европската Унија, потенцира Османи.

Прочитајте и...  Романскиот епископ го повтори Велигден за оние кои го пропуштија поради пандемијата

На прашање за предвремени избори Османи рече дека партискиот став е веќе образложен, но ќе се дебатира ако некој член на претседателството го покрене. Османи најави дека за заклучоците од средбата партијата ќе ја информира јавноста преку соопштение.

Прочитај повеќе

Одложено лансирањето на ракетата, нов обид во сабота

Слободен печат

Тивок бунт во Франција: Угостителите на празни маси и со положени униформи ги сервираа своите барања

Слободен печат

Ваучер од 6 илјади денари за летување во Македонија може да добијат повеќе членови на исто семејство

Слободен печат

САД надмина 100 илјади жртви од коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Имаме помала стапка на смртност од Грција и од Словенија

Слободен печат

Еден од платените убијци кои пукаа во црногорскиот мафијаш во Киев имал македонски пасош (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лошото време може да го одложи стартот на ракетата на „СпејсИкс” со американски астронаути

Слободен печат

Вашингтон формално заклучи дека Хонгконг не ја задржал автономијата

Слободен печат

Заев апелира мерките да се почитуваат без исклучок

Слободен печат

Борел: Единствено дијалогот на ЕУ гарантира европска иднина на Србија и на Косово

Слободен печат

Терминот во којшто може сигурно да се очекува отворање на градинките е 15 јуни

Слободен печат

Се чека дури 14 дена за испорака: Календар со нацисти предизвика бес ширум светот!

Слободен печат