Османи: Косово има постојана координација со НАТО за целата своја територија

Знаме на Косово
Знаме на Косово / Фото: EPA-EFE/PETRIT PRENAJ

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека институциите на Косово имаат постојана координација со меѓународната заедница за целата територија на државата, а „не само за одредена територија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната церемонија во касарната „Адем Јашари“ во Приштина, по повод одбележувањето на Денот на Безбедносните сили на Косово (ФСК), Османи порача дека на координацијата на Косово со НАТО „не треба да се гледа како како на нешто негативно“.

„Документите кои се однесуваат на одредени делови на територијата имаат важност само тогаш кога се ратификуваат од Собранието. Досега сум имала неколку средби со генералниот секртетар на НАТО, Јенс Столтенберг и нормално дека разговараме за интеракцијата со НАТО и нашата координација со НАТО е за целата неделива и неповредлив територија на Косово. Не треба да се гледа како како на нешто негативно на координацијата со НАТО“, изјави Османи.

Таа додаде дека ФСК покажале голем успех во својата трансформација во војска на Косово, додека целта на државата е зачленување во НАТО.

„ФСК ја продолжуваат многу успешно транзицијата и секако дејствуваат имајќи предвид дека наша стратешка ориентација како држава е зачленувањето во НАТО, таму каде што ни е местото, затоа што нашите војници веќе придонесуваат во мисии надвор од земјата, рамо до рамо со американската восјка, а наскоро и покрај војската на Обединетото Кралство“, рече Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот