Османи ќе реферира пред пратениците за Бугарија: Еве пеки, ќе се оди во Собрание, ќе се ратификува договореното ако е тоа барањето

Бујар Османи министер за надворешни работи во утрински брифинг / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе има излагање пред членовите на  Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Северна Македонија со која раководи пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Запрашан дали опозицијата во наредниот период може да ги условува договорите со Бугарија со предвремени парламентарни избори, Османи одговори:

-Мислам дека би било несериозно едно вакво прашање важно за граѓаните да се условува со некакво дневно политичко прашање и некаков партиски интерес. Мислам дека би изгубиле кој и да проба да врзе еден стратешки интерес со партиски интерес. Граѓаните можат тоа да го идентификуваат и тоа ќе го казнат, тоа сум убеден. Во однос на тоа дали ќе се оди во собрание, можам да повторам ставот, дека мојот пристап не беше таков, сметам дека треба да го почитуваме тоа што Собранието еднаш го има донесено и ратификувано како договор и ние во рамки на тој договор треба да имплеметираме одредени фази, рече Османи во гостувањето во Утрински брифинг.

Тој објасни дека бугарската страна инсистира што и да се договорат двете држави да оди во Собрание.

-Тоа го бараат и наши луѓе од овде, опозиција, разни политички опоненти се приклучуваат кон оваа позиција на Бугарија. Еве пеки, ќе се оди во Собрание, ќе се ратификува ако е тоа барањето, дециден е Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот