Османи ќе брифира за статусот на реформите, очекувањата од Ивештајот на ЕК и јунскиот самит на ЕУ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, ќе одржи формална отворена средба со претставниците на средствата за јавно информирање на кој ќе бидат опфатени темите за: статусот на реализацијата на реформите од Планот 18, нивниот квалитет и динамика; ќе даде резиме на посетите на институциите задолжени за имплементација и спроведување на реформите, особено во оформувањето на т.н. „трак рекорд”, или видливите резултати од спроведувањето на реформите.

Како што соопштија од СЕП, ќе стане збор и за очекувањата од претстојниот Извештај на Европската Комисија за состојбата и напредокот на земјата, а во насока на очекувањата од претстојнииот јунски самит на Европската Унија, очекувањата за претстојните избори, особено во насока на изборниот процес, како и сите останати актуелности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот