Османи – Калавера: Иднината на земјата и на регионот е во ЕУ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со директорката за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и соседска политика, Геновева Руиз Калавера и со директорката за Западна Европа, Западен Балкан и Турција при Европската служба за надворешни работи, Ангелина Ејхорст, кои се во посета на Македонија. Тие разменија мислења и впечатоци поврзани со исходот од октомвриски самит на Унијата, каде земјите – членки не успеаја да постигнат консензус за старт на преговорите.

-Навистина постои разочарување и чувство на неправда, но ве уверувам дека тоа нема да нѐ оддалечи од нашата амбиција да продолжиме на овој пат, да создаваме европски правила и стандарди во работењето, притоа застапувајќи ги и промовирајќи ги европските вредности во целиот регион – нагласи Османи.

Тие разговарале и за идните чекори на Владата, но и на европските институции, со цел да се задржи фокусот на европската перспектива на земјата.

-Тие се согласија дека независно од фактот што очекувањата не беа пресретнати, иднината на Република Северна Македонија, но и целиот регион е во Европската Унија, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот