Османи: Кадровските промени во Владата ќе донесат подобрување во економијата

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, истакна дека најавените кадровски промени, кои ќе се случат во Владата, би можеле да донесат подобрување во еконимијата.

Тој повторно најави дека промените во Владата ќе следуваат по средбата на Зоран Заев и Али Ахмети, лидери на најголемите партии во владејачката коалиција.

– Вчера имаше нивна кратка средба на еден настан, но без простор да се отворат овие прашања. Очекуваме деновиве да се оствари тематска средба за потребите од зајакнување на капацитетите на Владата во поглед на фокусот на економските прашања дека ги затворивме политичките теми. И двајцата лидери на коалицијата имаат свој концепт како треба да се зајакнат тие капацитети и треба да седнат и да донесат конкретни одлуки – истакна Османи кој одржи предавање на Унивезритетот на Југоисточна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот