Османи: Јас сум најголемиот виновник, игравме бледо, без агресивност!

Фото: Фејсбук/Шкендија

Иако по првиот дуел кој што го доби Шкендија со 0:1, во Скопје денеска на реваншот се шокирани фудбалерите на тренерот Ќатип Османи кои загубија со 1:2.

Сега фокусот е насочен кон дуелите од второто квалификациско коло на Лига Европа каде што го чекаат поразениот од дуелот Дуделанж (Луксембург)-Валета (Малта). Првиот дуел заврши 2:2 на теренот на Дуделанж.

– По првиот дуел често пати ја спомнувавме таа реализација која се покажа недоволна. Безидејно игравме, имавме бледо прво полувреме, второто беше подобро, но недоволно за победа. Атмосферата останува стабилна и после неуспехот, значи на денешниот дуел немавме адекватен тајминг при додавања, немаше агресивност и тоа резултираше за лошиот резутат – изјави Османи на прес конференцијата по мечот.

Стратегот на нашиот првак после првото полувреме им кажа на своите играчи дека бавно играат и побрзо да се ослободуваат од топката.

Воедно додаде и дека во својот состав има доста квалитетни индивидуалци во средниот ред, кои прават потег повеќе понекогаш и причина да се прават тие кратки пасови со цел да се креираат што побрзо акциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот