Османи-Јан Коп: На изборите потврдена евроатлантската ориентација на земјата

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп.

– Со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп ја потврдивме евроатлантската ориентација на земјата што беше легитимирана и на последните парламентарни избори, напиша на својот Фејсбук профил Османи.

Османи на средбата посочил дека со својот глас граѓаните дале јасна порака за тоа што очекуваат, каква сакаат да биде, како и тоа кој тие сметаат дека треба да ја предводи идната Влада.

-Останува на водечките политички претставници да обезбедат стабилно политичко мнозинство преку кое ќе ја оправдаат оваа доверба и ќе ги реализираат легитимните барања на граѓаните, напиша Османи на Фејсбук по средбата со холандскиот амбасадор Јан Коп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот