Османи: Головите се плод на наши грешки

Тренерот на Шкендија Ќатип Османи не го криеше разочарувањето од новиот европски пораз, овој пат од Дуделанж. Шкендија во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на Европа загуби пред своите гледачи од Дуделанж со 1:2.

–  Натпреварот го започнавме како што посакувавме, дадовме гол, а потоа промашивме неколку шанси, но ја контролиравме играта. По серијата промашувања во второто полувреме дојде казната. Примивме голови по наши грешки. И сега ни е повтори слабата реализација, а потоа повторно не можевме да се вратиме. Мислам дека  физичката подготвеност не е виновна. Сега ни останува да се подготвиме подобро за реваншот и да одиграме најдобро што можеме – изјави Османи.

За разлика од Османи, тренерот на Дуделанж, Емилио Фереира е задволен од играта и резултатот но смета дека сè уште ништо не е готово.

– Пред секој меч секогаш се надевате на најдобро сценарио, но кога имате силен противник, ваков резултат е одличен за нас. По негативата во првиот дел, добро реагиравме во вториот и морам да кажам дека сме среќни со резултатот. Апсолутно овој резултат нè не носи во трето коло. Очекувам потежок меч во реваншот – рече Фереира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот