Османи го прими новиот евроамбасадор во земјава: Добиваме искусен дипломат и искрен сојузник на патот кон ЕУ

Фото: mia.mk

Доаѓате во исклучително важен момент за нашата држава во однос на патот кон Европската Унија. Се потпираме на вашето искуство и на вашата искрена поддршка на овој пат, што ќе претставува историски заеднички успех уште на самиот почеток од вашиот мандат, му порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, на денешната нивна средба.

Од Министерството за надворешни работи (МНР) соопштија дека Осман изразил задоволството што со амбасадорот Гир, Северна Македонија добива искусен дипломат и сојузник кој професионално и принципиелно ќе се вложи во европската перспектива на државата, што претставува исклучителна важност за земјата во пресрет на претстојното објавување на годишниот извештај и пакетот за проширување на Комисијата и очекувањето земјата повторно да добие позитивни оценки.

– По историската одлука во март за почеток на преговорите, веруваме и очекуваме дека земјите членки во рамки на германското претседателство со Советот на ЕУ наскоро ќе ја договорат преговарачката рамка и до крајот на годината ќе ја одржиме Првата меѓувладина конференција која ќе го означи конкретниот почеток на преговарачкиот процес, рече министерот за надворешни работи на средбата со Гир кој доаѓа на местото на досегашниот евроамбасадор во земјава Самуел Жбога, чиј мандат истече овој месец.

Османи, посочија од МНР, ја искористил средбата со новоназначениот амбасадор да ја пренесе благодарноста на Владата до Европската Комисија за поддршката во борбата со предизвиците на кризата со Ковид-19, како и да ја поздрави демонстрираната солидарност во време на пандемијата од страна на Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот